Корисниците на Chromebook можат сами да преземат некои чекори за заштеда на батеријата, како што се намалување на осветленоста на екранот и осветлувањето на тастатурата, како и исклучување на USB додатоците кога не се користат итн.
Траењето на батеријата е една од основните карактеристики која се гледа при купување на лаптоп, без разлика колку е убав и модерен уредот според најновите стандарди.
Перформансите најмногу зависат од хардверот, но голема улога игра и софтверот. Особено ако се знае дека Chrome е „голтач на меморија“. Затоа Google подготвува промена која би можела да помогне во ова, а ќе биде достапна на десктоп верзиите на Chrome како и на ChromeOS, пренесува PCWorld.
Функцијата функционира така што го намалува оптоварувањето на процесорот на неактивна картичка по 10 секунди неактивност. Тековните верзии на Chrome ја ставаат картичката во мирување по пет минути неактивност. Со намалување на ова време на 10 секунди, отворените јазичиња ќе бараат помалку процесор, што автоматски значи помала потрошувачка на батеријата.
Сепак, сè уште би можело да потрае долго време за тоа ажурирање да стигне до уредите на корисниците. Тековната верзија на Chrome OS е 103 и тоа е она што повеќето луѓе го користат. Може да помине една година или повеќе пред Google да го објави Chrome OS 105.
Дотогаш, корисниците на Chromebook можат сами да преземат некои чекори за заштеда на батеријата, како што се намалување на осветленоста на екранот и осветлувањето на тастатурата. Дополнително, тие можат да исклучуваат USB додатоци кога не се користат итн.