Meta наскоро може да го претстави првиот VR хардвер од своето ребрендирање од Facebook во Meta минатата година. Сега го знаеме и потенцијалното име на овој уред.
Според инвеститорот Стив Мозер, следниот VR уред ќе се вика Quest Pro. Гореспоменатото име беше откриено во кодот за мобилната апликација Oculus на Мета.
Meta одби да ги коментира овие наводи. Сепак, познато е дека компанијата веќе подолго време навестува премиум VR уред, кој треба да се најде покрај Quest 2, кој е наменет за потрошувачите.
Уредот го носи кодното име Project Cambria, а извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, ги покажа своите способности во демо видео.
Претходно се појави информација дека новиот VR уред би можел да има цена од 799 долари, додека Bloonberg известува дека цената ќе биде повисока од 1000 долари