Првиот сателит направен во Велс е подготвен за лансирање во вселената, што е планирано за оваа година.
Станува збор за сателит од компанијата Space Forge, кој е направен во објект во гратчето Тределерх (на англиски Румни), источно од Кардиф, кој претходно се користел за производство на комбиња за продажба на брза храна.
Ова ќе биде важен тест за споменатата компанија, која во 2023 година има намера да лансира сателит кој ќе може да се врати и повторно да се користи.
Сателитот ќе биде лансиран како дел од мисијата на Virgin Orbit, која ќе испрати неколку сателити во ниската орбита на Земјата, односно на висина до 1.000 километри.
Space Forge соработува со Lumi Space во проект за дизајнирање на првиот повратен сателит за повеќекратна употреба.
Пробното лансирање ќе се изврши од космодромот лоциран во Њуки, Корнвол, а првиот сателит нема да се врати на Земјата. Мисија која вклучува враќање е планирана за следната година.
Virgin Orbit ќе го искористи за тестирање на својата нова „технологија за враќање“.
Lumi Space ќе тестира и ласерска технологија за следење на сателитите.