„3D звукот нс Netflix помага да се донесе филмско искуство со извонреден звук на кој било стерео уред“, соопшти компанијата Netflix.
Netflix објави оваа недела дека во партнерство со Sennheiser донесува 3D звук (Spatial Audio) до сите свои корисници. Со други зборови, оние кои користат стерео звучници за гледање филмови и серии ќе добијат искуство со сараунд звук.
Новата функција за 3D звук ќе работи на сите стерео уреди, вклучително и паметни телефони, таблет уреди и телевизори, а корисниците можат да ја тестираат со внесување „Spatial Audio“ во лентата за пребарување и избирање шоу или филм што го поддржува.
„Оваа магична комбинација на слика и звук ќе ги приближи гледачите до приказната, а ние сме возбудени што ќе ја додадеме оваа способност на другите функции што ги поддржуваме, како што се 4K, HDR, Dolby Atmos и Netflix калибриран режим“, велат од Netflix.
Инаку, за се да функционира беспрекорно, Netflix ја користи технологијата на Sennheiser за 3D звук, што може да се најде во soundbar уредите на Ambeo.