Exynos најчесто ја покренува Galaxy S серијата паметни телефони на европскиот и азискиот пазар, но тоа наводно повеќе нема да биде случај
Флегшип паметните телефони на Samsung со години користат два различни чипсети, во зависност од регионот каде што може да се купат. Но, според технолошкиот аналитичар Минг-Чи Куо, претстојната Galaxy S23 серија ќе биде исклучок во овој поглед.
Куо верува дека Samsung планира да го користи Snapdragon во Galaxy S23 серијата во сите региони, бидејќи новиот Exynos едноставно нема да може да се натпреварува со претстојниот Snapdragon 8 Gen 2. Тоа значи дека Qualcomm ќе добие уште поголем удел на пазарот на Android флегшип смартфони.
Како што објави 9to5Mac, корисниците на Samsung започнале петиција уште во 2020 година со барање од компанијата да престане да користи Exynos чипови. Причината за тоа беа нешто послабите перформанси во споредба со Snapdragon чиповите, послабата енергетска ефикасност и послабата автономија, што направи многу корисници да престанат да купуваат одредени Galaxy S модели.
Петицијата, се разбира, не вроди со плод. Samsung тогаш истакна дека чиповите Exynos и Snapdragon минуваат низ истите „строги и ригорозни“ сценарија за тестирање во реалниот живот за да им обезбедат на корисниците конзистентни и оптимални перформанси. Дали предвидувањата на Куо ќе се остварат, останува да видиме.
За потсетување, Samsung главно користи Snapdragon чипови во САД, додека Exynos е резервиран за многу меѓународни пазари низ Европа и Азија.