Аналитичарот на Bloomberg, Марк Гурман, познат по своите добри инсајдерски информации објави дека Apple Watch Extreme за кој многу се шекулираше во последно време, најверојатно ќе пристигне под името Apple Watch Pro. Покрај многуте нови функции, се очекува и значително повисока цена на новиот модел.
Watch Extreme ќе биде Watch Pro
Во претходните најави, дојавувачите истакнаа дека Apple подготвува нова серија часовници наречени Watch Extreme, Watch Extreme Edition и Watch Explorer Edition. Се чини дека Apple одлучи да се држи до старата добра наставка „Pro“ што ги карактеризира другите нивни производи: MacBook Pro, iPad Pro, iPhone Pro.
Она што може да ја оправда новата, повисока цена на новиот Apple Watch Pro е значително поотпорниот дизајн и новите опции, кои засега само се навестуваат: поголем екран, подобра батерија и многу „поспортски“ изглед.
Кога станува збор за протечените информации, се споменува екран од 1,99 инчи со иста резолуција како и претходниот модел, но со значително подобрена отпорност на удари и паѓање. Се споменува и нова легура која треба да биде поцврста од алуминиум, како и поголема батерија со подобра автономија.
Стар хардвер
Кога станува збор за хардверот, Гурман напоменува дека Apple планира да се потпре на ревизија на многу добриот чипсет Apple S6, кој беше претставен пред две години, а кој е повеќе од добар и доволно економичен за новата генерација часовници.
Дефинитивно ќе треба да го почекаме медиумскиот настан на Apple оваа еден, со напомена дека дури и ако Гурман погодил се, не треба да сметате дека новиот Apple Watch Pro кај нас ќе чини блиску до најавената цена од 1.000 долари, туку секако ќе биде уште поскап.