Според најновиот извештај за продажбата на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година, Samsung остана лидер по бројот на продадени смартфони во овој период.
Најновиот извештај за продажбата на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година доаѓа од Меѓународната корпорација за податоци (IDC). Во извештајот се наведува дека Samsung остана водечки светски производител на смартфони со пазарен удел од 23,4% и испораки од 73,6 милиони уреди во првиот квартал од тековната година. Иако Samsung го задржа првото место, компанијата забележа пад на продажбата во споредба со истиот период минатата година, кога јужнокорејскиот гигант испорача речиси милион повеќе телефони.
На второ место се најде американскиот технолошки гигант Apple. Компанијата од Купертино имаше удел од 18% на пазарот на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година. Apple продаде 56,6 милиони смартфони во овој период. Сепак, за разлика од Samsung, Apple забележа раст на продажбата во однос на истиот период минатата година, за 2,2 отсто.
По двете водечки компании, позициите од три до пет се резерврани за кинеските компании. Трет е Xiaomi со пазарен удел од 12,7%, односно продадени 39,9 милиони телефони. Oppo се наоѓа на четвртото место. Во првиот квартал од оваа година, компанијата испорача 27,4 милиони уреди, што е повеќе од 8,7%, додека Vivo се наоша на петтата позиција со удел од 8,1%, односно 25,3 милиони испорачани паметни телефони.
Слично како Samsung, сите три кинески брендови забележаа пад на продажбата во однос на истиот период минатата година, при што Vivo забележа најголем пад од 27,7 отсто.