Иако е во кинеска сопственост, Volvo не се откажува од своите европски капацитети
Покрај постоечките фабрики, Volvo наскоро ќе започне со изградба и на нова фабрика. Како еден од првите производители кој најави повлекување на моторите со внатрешно согорување и целосна транзиција кон електрична енергија, Volvo планира да изгради фабрика за електрични автомобили како подготовка за иднината со нулта емисија.
Ќе се гради во Словачка, недалеку од Кошице, а трошоците за изградба се проценуваат на 1,2 милијарди евра. Изградбата на фабриката ќе започне следната година, а се очекува сериското производство да започне во 2026 година. Максималниот капацитет на фабриката ќе биде 250.000 автомобили годишно.
Фабриката во Кошице е првата нова фабрика на Volvo во Европа по помалку од шест децении. Фабриката во Торсланда е отворена во 1964 година, а една година подоцна започнала со работа фабриката во Гент. Сегашниот капацитет на Volvo во Европа е до 600.000 автомобили годишно.