Досега сигурно веќе сте имале можност да прочитате за тоа дека следните AMD и Nvidia графички картички ќе бидат вистински ѕверови, со огромна потрошувачка. Така мисли и AMD.
Иако некои од претходните информации за идните графички картички можеби беа претерани, сепак постои можност идните GPU модели да трошат повеќе од 450 вати.
Од AMD сметаат дека ситуацијата само ќе ескалира со текот на годините, а тоа се однесува и на перформансите на графичките карти кои ќе бидат зголемени, но и на потрошувачката на графичките процесори, што секако нема да им одговара на многумина.
Сем Нафзигер од AMD зборуваше за VentureBeat за фокусот на AMD на поефикасна потрошувачка. Според него, RDNA 3 технологијата ќе обезбеди 50 проценти подобрување на перформансите по ват во споредба со RDNA 2.
Беше допрена и темата за зголемена потрошувачка на графичките картички, со оглед на тоа што се дизајнирани да постигнуваат високи работни тактови.
Анализата го покажува трендот на потрошувачка на графички карти со текот на времето и сугерира дека оваа потрошувачка би можела да достигне 700 W до крајот на 2023 година. Останува да видиме дали ова ќе се оствари и дали во следните години ќе видиме AMD и Nvidia графички картички со потрошувачка од 700W.