Луѓето ширум светот го видоа првиот сет фотографии во боја направени од вселенскиот телескоп James Webb на NASA
Но, она што вселенските ентузијасти успеаја да го откопаат меѓу објавените фотографии и документи, а кое можеби многумина остана незабележано, се две сосема нови фотографии од Јупитер.
Фасцинантни снимки од гасниот џин, најблизок до Земјата во нашиот Сончев Систем, беа снимени со телескопот James Webb додека беше на тестирање. Сликите ги прикажуваат прстените на Јупитер, како и неговите три месечини – Европа, Теба и Метис. Сенката на Европа може да се види и на фотографијата со ознака F212N, веднаш до Големата црвена дамка. Големата црвена дамка е долготраен бурен систем кој се наоѓа на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер, произведувајќи ветрови до 432 км/час.
Новите снимки на Јупитер се направени со инфрацрвена камера (NIRCam) и секоја користи различен филтер за да ги потенцира одделните бранови должини на светлината. Во извештајот се вели дека сликите „покажале дека JWST може да следи подвижни цели дури и кога има расфрлана светлина од светлите јовијански планети“. Јовијански значи „слични на Јупитер“ и ги опишува „џиновите“ Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.
НАСА избра девет цели за да ја тестира способноста на телескопот да следи објекти кои брзо се движат. Други вградени инструменти кои се тестирани ги вклучуваат Near Infrared Imager, Slitless Spectrograph (NIRISS) и Mid-InfraRed Instrument (MIRI), кои детектираат и стабилизираат различни бранови должини.
These images of Jupiter, taken by the James Webb Space Telescope, were hidden inside a document about testing. They helped show that JWST is even better than expected at tracking fast-moving objects https://t.co/GGr1hM8UZY
— New Scientist (@newscientist) July 12, 2022
Јупитер беше најбавната цел, но сите тестови беа успешни. Овие слики, исто така, ја покажуваат неговата способност да долови детали како што се прстени и месечини околу светли планети.
Во извештајот за пуштање во употреба се вели дека вселенскиот телескоп James Webb е замислен „за да овозможи фундаментален напредок во нашето разбирање за формирањето и еволуцијата на галаксиите, ѕвездите и планетарните системи.“
„Сега со сигурност знаеме дека така ќе биде“, пишува тој.
Телескоп од десет милијарди долари
Објавувањето на фотографиите го означува почетокот на научната работа со James Webb, најголемиот и најмоќниот телескоп лансиран во вселената. Телескопот James Webb беше лансиран на 25 декември со ракета Ariana од вселенскиот центар Куру на Европската вселенска агенција во Француска Гвајана.
Научниците се надеваат дека фотографиите од телескопот ќе дадат увид во периодот веднаш по Големата експлозија, пред околу 13,8 милијарди години. Развојот на James Webb траеше околу 30 години и чинеше околу 10 милијарди долари. Тој е наследник на телескопот Hubble, кој се користи повеќе од 30 години.