Се приближува официјалното претставување на двата нови модели на флексибилни телефони на Samsung, Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4, а тоа се очекува во текот на втората половина на август. Еден од овие уреди, Galaxy Z Fold4 ја помина сертификацијата од Федералната трговска комисија (FCC), а некои од откриените спецификации ги пренесува порталот NotebookCheck.
Карактеристики
За почеток, годинашниот Galaxy Z Fold модел ќе донесе поддршка за S Pen, исто како и неговиот претходник. Дополнително, се очекува и структурно посилен дисплеј во однос на минатогодишниот модел, што би придонело за подобрени перформанси и чувство при користење на S Pen.
Според достапните информации, овој телефон ќе се напојува од најмоќниот мобилен чипсет на планетата, Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. Се зборува и за 12GB RAM меморија и еден терабајт простор за складирање податоци со батерија од 4.400 mAh. Се уште нема податоци за други карактеристики.
Дополнително, новиот Fold4 се очекува да има 7,6-инчен 2K AMOLED екран на 120 Hz со камера од 16 MP под екранот и 6,2-инчен преден екран со селфи камера од 10 MP, што освен резолуцијата на камерата под екранот е идентично на Fold3 генерацијата.
Трите камери на задната страна би можеле да бидат различни: главната камера од 50 MP, широкоаголната од 12 MP и телефото од 12MP треба да го заменат сегашниот систем од 12+12+12 MP. Се споменува батерија со ист капацитет – 4.400 mAh, но со поддршка за полнење со моќност од 45 W наспроти поддржаните 25 W, како што претходно се шпекулираше.
Датум
Во овој моменрт, неофицијалниот датум на претставување на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 е 26 август оваа година за време на Galaxy Unpacked настанот. Можно е во таа прилика да бидат претставени и новите Galaxy Buds2 Pro безжични слушалки.