iPad на Apple е најпопуларниот таблет уред на пазарот, а наскоро ќе излезе и неговата OLED верзија која ќе донесе подобрен квалитет на дисплејот и потенок дизајн.
Apple во 2024 година ќе претстави iPad со OLED екран, кој покрај подобрен квалитет на дисплејот, на корисниците ќе им овозможи значително потенок и полесен дизајн, открива корејскиот технолошки портал ET News.
Технолошкиот гигант од Купертино моментно работи со Samsung и LG, кои треба да бидат главни снабдувачи на OLED екраните. Бидејќи ова е нова технологија за таблет уреди, Apple е во процес на создавање прототипови и опсежни тестирања.
За да се направат OLED екраните потенки и полесни, се користи нов дел од процесот на производство – dry etching. Имено, станува збор за процес во кој производителите користат гасовити хемикалии за да ги отстранат несаканите слоеви материјал од површината на TFT.
Покрај тоа, Apple работи и на развој на специјална облога за екранот, што ќе го направи поиздржлив и поотпорен на удари и гребаници. Повеќе информации за OLED iPad се очекуваат во следните месеци.