Извесно време се зборува дека одредени карактеристики на возилата ќе се изнајмуваат, а одредени производители тоа веќе и го прават
Откако Lynk&Co го разви концептот за користење возило преку месечна програма за изнајмување, сега се нуди слична услуга во однос на опремата за автомобилите. Идејата е сите автомобили да се произведуваат со сета опрема, а потоа да се вклучат одредени опции по желба на сопственикот, на месечно ниво. Така, сопственикот би платил претплата за поединечен елемент од опремата, исто како што, на пример, плаќа претплата за одредени ТВ програми или музички услуги.
BMW го понуди токму тоа. Во Кореја во рамките на Connected Drive Store се нуди можност за активирање на одредени опции, со плаќање на месечна претплата. Ако сопственикот на BMW сака греење на седиштата, тоа ќе го чини 18 евра месечно или нешто повеќе од 176 евра ако ја користи услугата цела година. Тригодишниот закуп изнесува нешто повеќе од 176 евра. За трајно користење на услугата за греење на седиштата, тоа чини скоро 406 евра.
Истото важи и за греењето на воланот со почетна цена од околу 10 евра месечно, или околу 92 евра годишно. Закупот на три години е 161 евро, а купувањето во трајна сопственост е околу 222 евра. Листата вклучува и голем број опции како што се безжично поврзување на Apple Car Play, напредни светла, безбедносни системи и услугата Driver Recorder.
И опцијата IconicSounds Sport, која овозможува звукот на спортски мотор да се генерира на звучниците, покажува дека дошле некои нови времиња. Ова задоволство порано беше бесплатно на моделите со 6-цилиндерски мотори, но сега чини 138 долари.
Со поширока комерцијализација, се зголемува веројатноста за хакирање на таквите услуги.