Технолошки напреднатa организација која обучува кадри за работните места на иднината, Brainster и првиот применет ИТ колеџ во земјава, Brainster Next се номинирани од страна на Стопанската комора на информатички и комуникациски технологии МАСИТ, за две номинации за иновативни ИКТ решенија за претстојните WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022.
Овие награди кои ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022, годинава ќе се одржат во Малезија од 13-15 септември.
Како што соопшти МАСИТ, изборoт на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2021 година, годинава ги предлага решенијата на Brainster и Brainster Next College во следните категории: Digital Opportunity/Inclusion Award и E-education & Learning Award.
Етаблираниот лидер во неформалното образование – Brainster, кој преку своите академии, курсеви и обуки во последниве 6 години успешно им помогна на над 10.000 лица да се дообразуваат и преквалификуваат, како и првиот applied tech college Brainster Next– се номинирани во две категории. Првата, во категоријата Digital Opportunity/Inclusion Award е за финансиската поволност„Студирај сега, плаќај по вработување“, која им овозможува на идните студенти да се запишат на колеџот Brainster Next, а школарината да ја плаќаат откако ќе дипломираат и ќе се вработат.
„Студентите студираат за 0 денари сѐ до нивното дипломирање и вработување, а почнуваат да ја исплаќаат школарината на рати по нивното вработување. Според нашите проекции, во таков случај истата не би изнесувала повеќе од 35% од нивната почетна плата“. Сметаме дека сите треба да имаат пристап до квалитетно образование без разлика на финанските можности“, вели Александар Клашниновски, директор на Brainster Next College, кој додава дека му е драго бидејќи од МАСИТ ја препознале инклузивноста на проектот.
Brainster и Brainster Next College се исто така номинирани и во категоријата E-education & Learning Award, за платформата Некст, која e eдинствена отворена платформа во државата која содржи бесплатни курсеви на македонски јазик од областите на компјутерска наука и софтверско инжинерство, data science, графички дизајн и дигитален маркетинг.
WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022, ќе се доделат на 26-то издание на Светскиот конгрес за иновации и технологија во Малезија овој септември. Како еден од најголемите и најпрестижните ИКТ настани во светот, тоа е место на кое се одвиваат бројни дискусии со визионери, т.н капетани на индустријата, владини лидери, иноватори и академици од над 80 земји.
Настанот го нарекуваат и „Олимпијада на светската индустрија за информатичка технологија“.