Двете компании ќе ги координираат своите напори за имплементација на технолошки иновации во решенија за плаќање.
Единствениот македонски процесор КсСис АД Скопје склучи договор со финтек компанијата Рубикон од Албанија за соработка во доменот на персонализација на чип картички, виртуелни картички, е-commerce и опслужување на мрежа на ATM-и.
„Овој договор е потврда дека КаСис е прв избор и сигурен партнер не само на банките и е-трговците туку и на финтек компаниите како идни чинители во доменот на плаќањата кои бараат партнери што можат да обезбедат врвна безбедност на услугата. Значајните инвестиции кои доведоа до модернизација на сервисите и унапредувањето со нови фукционалности од една страна и зајакнувањето на системите од сигурносен аспекти од друга страна овозможија единствениот македонски процесор КаСис да оствари одлични финансиски резултати но и да привлече нови корисници на услуги, особено во финтек индустријата која се очекува интензивно да се развива во наредниот период.“, велат од КаСис.
Рубикон е финтек компанија основана 2020 година која поседува лиценца од Мастеркард и лиценца како издавач на електронски пари од страна на Централната Банка во Албанија.
„Како финансиско друштво кое се занимава со обезбедување финансиски решенија и развивање на мрежа за обработка на плаќања користејќи ги своите сопствени технологии, интелектуална сопственост, иновативни производи и познавање на пазарот за да обезбеди сеопфатни финансиски решенија за своите клиенти со ова партнерство имаме за цел да го продолжиме нашиот раст. Среќни сме што избравме доверлив регионален партнер со репутација како Касис.“, велат од Рубикон.
КаСис со своето 20 годишно успешно работење, со 2.000.000 издадени платежни картички, 2.500.000 процесирани трансакции месечно, 24/7 сервисна поддршка и cPay – системот за електронска трговија со процесирани над 300.000 трансакции месечно во преку 1000 електронски продавници и со над 30.000 регистрирани корисници останува доследен за раст и развој на сите новитети во дигиталната индустрија како во земјата така и во регионот.
Со стапувањето на сила на новиот Законот за платежни услуги и платни системи во нашата земја КаСис е подготвен со техничко технолошки решенија и квалитет од ИТ ресурси да даде свој придонес и максимална поддршка на банките и на сите финтек компании.