Фотографијата е креирана со новиот смартфон на Motorola и најновата камера на Samsung од 200 MP.
Samsung во септември минатата година го претстави ISOCELL HP1 сензорот за камера од 200 мегапиксели, кој ќе се најде на најновиот премиум телефон на Motorola, кој се очекува да биде претставен овој месец.
Знаеме дека уредот ќе има систем со три камери, каде што се истакнува главниот сензор Samsung ISOCELL HP1 со резолуција од 200 MP. Чен Џин, генералниот менаџер на одделот Motorola во Кина сега ја објави првата фотографија креирана со овој уред.
First 200 MP camera sample from Moto Edge 30 Ultra emerges https://t.co/u0SSlz5ZuW
— ultimatepocket (@ultimatepocket1) July 14, 2022
Фотографијата е создадена во резолуција од 50 MP, користејќи ја технологијата „4-in-1 pixel binning“, која ја имплементира гореспоменатиот сензор. Според официјалните лица на Motorola, поставувањето на 4-во-1 пиксели е подобро од 9-во-1 поставката што е поддржано на телефоните со 108 MP.
Motorola Edge 30 Ultra (Edge X30 Pro во Кина) стандардно ќе создава фотографии од 50 MP. Примерокот на фотографијата е со големина од 13 мегабајти, па се надеваме дека претстојниот премиум телефон ќе има доволно простор за складирање за да ги складира сите прекрасни фотографии што ќе може да ги создаде.