Во последната деценија летата стануваат сè пожешки, а нашите потреби да се разладиме, сè поголеми. Доколку не можете да ги избегнете летните горештини, со тоа што би заминале на некоја од нашите убави планини или езера, наједноставно решение е да поставите клима уред во вашиот дом којшто повеќе не е луксуз, туку напротив, неопходност. Но, доколку и понатаму се прашувате дали треба да набавите ваков уред за домашниот простор или пак работното место, ви пренесуваме неколку причини зошто тоа треба да го направите поскоро.
Го зачувува здравјето
Поседувањето клима уред не е само тренд, туку во некои случаи може да биде клучно во разликата меѓу добросостојбата и здравствените проблеми. Со високите температури, се зголемува ризикот од топлотен удар, а со тоа се нарушува здравјето. Со соодветниот избор на клима уред, согласно вашите потреби, ја елиминирате ваквата опасност и обезбедувате пријатна и поднослива температура во вашиот дом. Сепак, треба и да се консултирате со продавачот или овластениот монтер на која позиција во домот да се инсталира клима уредот. Тој треба да овозможува дискретно дување, па затоа изберете клима уред со перки за насочување на воздухот во различни правци со што ќе добиете пријатно разладување.
Овозможува квалитетен сон
Многу работи можат да влијаат на квалитетниот сон и да ве спречат воопшто да заспиете, а еден од факторите е прекумерната топлина во просторијата. Сите сме доживеале моменти во текот на летниот период кога и после илјадници вртења во креветот, не сме можеле да заспиеме. Со инсталација на клима уред на правилно место во вашиот дом, може индиректно да влијаете на квалитетот на сонот, којшто е од голема важност за целокупното здравје и состојба на организмот. Одберете клима уред што има можност за Еко и тивок режим на работа.
Поголема концентрација за време на работата
Доколку сте преминале на моделот работа од дома, како и многу други луѓе во текот на изминатата година, знаете дека концентрацијата може многу лесно да ви се наруши, особено на високи температури. Наместо да трошите енергија и да се препотувате, со клима уред ќе бидете поконцентрирани и попосветени на работата. И мозокот може да прегрее, исто како и телото, па затоа е добро да се одржува идеална температура на секое ниво. Доколку одбирате клима уред за работен простор во кој престојувате подолго време, најдобар избор е клима уред со довод и одвод на воздух. Овој клима уред преку филтер внесува свеж воздух во просторијата, а застојаниот воздух го изнесува. На овој начин новиот кислород ќе ви ја подобри и концентрацијата. Клима уредите на Gree ги филтрираат штетните материи во воздухот и заедно со водечката Gree технологија за самочистење на испарувачите се грижат за вашето здравје.
Висока енергетска ефикасност
Една од најважните карактеристики на клима уредите во денешно време е нивната енергетска ефикасност, односно односот помеѓу добиената топлина во споредба со потрошената електрична енергија. Колку повисока енергетска класа има клима уредот значи пониска сметка за електрична енергија.
Пример за енергетски штедливи клима уреди се моделите во понудата на Gree Electric, водечки бренд во глобалната индустрија за климатизација, кои донесуваат нови технологии и нови производи, особено посветени на заштитата на животната средина, зачувување на енергијата и придонесуваат за висока енергетска ефикасност. Ова посебно може да биде од корист за намалување на трошоците за електрична енергија, во периодот кога се најавени поскапувања на струјата. Како одговорна компанија за климатизери, Gree секогаш посветува внимание на потрошувачката на енергија на клима уредите и се труди да формулира решенија за заштеда на енергија.
Официјалниот увозник на брандот ГРЕЕ во нашата земја, Греемак Гроуп, годинава прославува десет години од своето постоење на македонскиот пазар. Малопродажбата на Gree се одвива низ двата продажни салони Greestore Group во Скопје и речиси во секој град низ Македонија (Струга, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Велес), а од периодот на Ковид-пандемијата е отворена и онлајн продавницата mall.gree.com.mk .
Клима уредите што се наоѓаат во понудата на Gree се продаваат со десетгодишна гаранција со задолжителна годишна проверка, а од 2021 година функционира и сервисот GT Control, кој е комплетно посветен на брендот Gree. Компанијата нуди и можност за преземање на електронскиот отпад, односно секој што има стар клима уред може да се јави на телефонските броеви на Greestore продавниците и отпадот ќе биде преземен, а со тоа ќе придонесе отпадот да биде правилно складиран или материјалите правилно рециклирани.