Познато е дека TikTok е огромна закана за YouTube, како и за другите актуелни социјални мрежи. Сепак, вистинското изненадување е што TikTok не само што станува сè попопуларна мрежа, туку полека ги повлекува корисниците од главните услуги на Google, како што се Search и Maps, пренесува TechCrunch.
Каква точно имаат меѓусебна врска кратките видеа и мапите?
Проблеми за Google
Главниот проблем за Google и неговите главни сервиси како Maps и особено Search е што страницата на оваа компанија едноставно повеќе не е почетна точка на интернет патувањето на помладите корисници. Проблемот не е само што YouTube станува се помалку популарен кај помладите генерации, туку и самата основа на оваа компанија е загрозена од присуството на исклучително популарната социјална мрежа TikTok.
Според Прабакар Рагаван, кој е директор за знаење и информации, помладите корисници се свртуваат кон апликации како TikTok и Instagram за да откријат нова содржина. „Продолжуваме да учиме дека новите корисници на интернет го немаат начинот на размислување на кој сме навикнати и дека прашањата за кои се заинтересирани се сосема различни од она на кое сме навикнати.
Нови начини за откривање содржини
Значи, следните генерации ја бараат содржината на сосема поинаков начин од порано. Прабакар Рагаван наведува дека помладите повеќе не користат клучни зборови за да најдат содржини што ги интересира. Тој наведува дека „речиси 40% од помладите корисници ги посетуваат Instagram и TikTok ако сакаат да најдат добар ресторан наместо да ги посетуваат Google Maps или Search. Според Google, овие податоци се однесуваат на корисниците на возраст меѓу 18 и 24 години.
Понатаму се наведува дека корисниците на оваа возраст се повеќе заинтересирани за визуелно побогати содржини во споредба со текстуалните описи, на пример, на ресторани кои можат да се најдат преку Google Search со фотографиите што ги прикажуваат. Тие сакаат видеа кои што подетално покажуваат што сакаат да очекуваат со поинтерактивната природа што ја носи таквиот пристап.
Како против тоа?
Се разбира, гигантите како Google не седат со скрстени раце. На пример, Google Maps сега има функционалност за проширена реалност која им помага на корисниците да го пронајдат својот пат низ непозната област, што претставува подобрена форма на навигација која претходно се потпираше само на 2D прикажување на патот до саканата дестинација. Дополнително, се работи и на развој на детални 3D средини за подобрено визуелно искуство кое е неопходно за помладите генерации.
На крајот, Рагаван изјави дека барањата на помладите генерации за визуелно побогата содржина целосно ќе го променат начинот на кој функционира Google Search. На пример, во овој момент 30 проценти од пребарувањата во одредени земји се вршат со гласовно пребарување бидејќи корисниците повеќе не сакаат ни да го пишуваат она што го бараат.