Јапонската корпорација Panasonic планира во американската сојузната држава Канзас да изгради уште една фабрика за производство на батерии за електрични автомобили. Проектот вреди четири милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.
Според наводите, компанијата веќе станува една од најголемите во областа на производството на батерии. Отворањето на погонот се очекува да отвори до 4.000 работни места.
Panasonic, кој што произведува батерии за електромобилите на Tesla веќе има заеднички инвестиции со оваа компанија за батерии и во Невада.