Picture-in-picture го намалува видеото на мал плеер кој корисниците можат да го гледаат додека истовремено гледаат други апликации. Функцијата е веќе подолго време достапна на Android уредите.
Во јуни 2021 година, YouTube го воведе picture-in-picture (слика во слика) начин на работа, но само за Premium корисниците на iPhone и iPad во САД. Повеќе од една година подоцна, компанијата објави на нивниот официјален блог дека оваа долгоочекувана функција е воведена глобално за сите уреди со iOS и iPad OS 15.0 или понова верзија.
Со други зборови, сите корисници на iPhone и iPad на YouTube Premium ширум светот ќе можат да репродуцираат музика и друга содржина во режимот слика во слика. Тоа значи дека ќе можат истовремено да гледаат видеа во мал прозорец во аголот на екранот, додека, на пример, скролаарт на Facebook или Instagram или сурфаат преку веб-прелистувачот.
Но, бидејќи американските корисници на iPhone и iPad беа првите кои ја „вкусија“ оваа функција, YouTube им дозволи да ја користат дури и ако не плаќаат Premium претплата, но само за немузичка содржина.
it's happening! ✨ picture-in-picture is slowly rolling out for YouTube on iPhone & iPad, & just like on Android, will be avail to:
Premium members globally &
non-Premium members in US (non-music only)it’s been a long time coming 😌 all the details ➡️ https://t.co/mNbPWWE21n pic.twitter.com/ZeBY48KOhH
— TeamYouTube (@TeamYouTube) July 11, 2022
YouTube ги повика корисниците на Premium на iPhone и iPad да бидат трпеливи, наведувајќи дека picture-in-picture начинот на работа ќе стане достапен за сите во следните неколку недели.