Американскиот мултимилијардер Бил Гејтс ќе префрли 20 милијарди долари од своето богатство на „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, што ќе го зголеми финансиското дарување за време на на глобалните предизвици, вклучително и пандемијата и војната во Украина.
Фондацијата, една од најголемите светски филантропски организации, планира да ги зголеми своите исплати за 50 отсто од нивоата пред пандемијата, од приближно 6 милијарди долари на 9 милијарди долари секоја година до 2026 година. Фондацијата првенствено е фокусирана на добротворни давања кои имаат за цел подобрување на глобалното здравје , родова еднаквост и образование, меѓу другото.
Ко-основачот на Microsoft и неговата поранешна сопруга, Мелинда Френч Гејтс, ветија дека ќе го донираат огромното мнозинство од своето богатство на фондацијата што ја основаа заедно пред 20 години, како и на други филантропски здруженија.
Со проценета нето вредност од околу 114 милијарди долари, Бил Гејтс моментално е четвртиот најбогат човек во светот, според индексот на милијардери на Bloomberg, со најголем дел од неговото богатство поврзано со акциите на Microsoft.