Иако до претставувањето на iPhone 15 серијата има уште повеќе од една година, познатиот дојавувач Минг-Чи Куо одвреме навреме објавува детали за производите на Apple кои се далеку од претставување. Вчера Куо објави некои детали за iPhone 15 серијата.
Apple е еден од првите производители на модерни смартфони кој имплементираше телефото камера во iPhone, но се чини дека американската компанија ќе биде една од последните кои ќе имплементираат перископ камера во iPhone. Куо сега откри дека првата перископ камера на iPhone ќе пристигне следната година.
Лоша вест е дека перископ сензорот ќе го добие само најскапиот модел од iPhone 15 серијата – iPhone 15 Pro Max. Стандардниот iPhone 15 Pro ќе го задржи класичниот телефото сензор. Куо наведува дека перископ сензорота iPhone 15 Pro Max следната година ќе има 6x зум и 1/3″ сензор со резолуциија од 12MP. Претходните гласини укажуваа дека сензорот ќе пристигне со 5x зумирање, но можно е конечната бројка да биде различна.
Ако се покаже дека се работи за 6X зум, тоа всушност ќе биде двојно зголемување од сегашните x3 што моменто го имаат iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.