Русија го казни американскиот технолошки гигант бидејќи компанијата не ги избришала информациите за војната во Украина, а кои се „забранети“. Казната следи бидејќи неколку пати Google не ги разгледа барањата за отстранување информации забранети со рускиот закон.
Националниот интернет и медиумски регулатор Роскомандзор претходно бараше од Google да ги отстрани сите информации од YouTube за руската воена офанзива во Украина.
Роскомнадзор испрати 17 известувања до Google во кои побара почитување на рускиот закон, но компанијата не реагираше. Вкупната казна е еднаква на десетина од годишниот приход на Google и неговите структури во Русија.
Кон крајот на јуни Роскомнадзор тврдеше дека од Google не се избришани „најмалку 7.000 илегални материјали на YouTube“.