ЕФСА продолжува со напорите да го запре ширењето на Африканската чума кај свињите во Европа со продолжување на кампањата трета година по ред и започнување на нови пилот активности во четири земји.
Голема кампања на Европската агенција за безбедност на храна е подготвена да се реализира веќе трета година по ред, со цел продолжување на подигнувањето на свеста за Африканската чума кај свињите (АЧС) кај европските сточарски свињи. Таргетирајќи го југоисточниот регион во Европа, кампањата се одвива во партнерство со локалните власти и е во тек во осумнаесет земји во фокус: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Косово, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија.
Оваа година, ЕФСА ќе спроведе серија нови „пилот активности“ во четири земји – Бугарија, Полска, Романија и Србија – каде што ситуацијата во врска со АЧС е особено сериозна. Фармерите, ветеринарите и ловците ќе бидат цел на кампањата, имајќи во предвид што истите имаат важна улога во советувањето на фармерите за био-сигурноста на фармите.
„Африканската чума кај свињите е високо заразна болест, која се шири во региони низ цела Европа, кои претходно не беа погодени. Ширењето на болеста е глобална закана и има резултирано во катастрофални загуби за одгледувачите на свињи во Европа и пошироко,“ изјави Бернхард Урл, Генералниот директор на ЕФСА.
„Заедно со нашите партнери од локалните власти, се трудиме заеднички да допреме до земјоделците чијшто добиток и егзистенција се погодени од оваа смртоносна болест. Кампањата #СтопАЧС има за цел да ги информира фармерите, како и ветеринарите и ловците, на што конкретно да внимаваат со нашата порака за детектирање, спречување и пријавување“.
Кампањата „Стоп за Африканската чума кај свињите“, е дел од тековните напори на Европската комисија и други меѓународни тела со цел спречување на ширењето на АЧС во ЕУ и соседните земји.
Што е Африканска чума кај свињите?
Африканската чума кај свињите (АЧС) е смртоносна вирусна болест, што ги погодува домашните свињи и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но предизвикува значителни социо-економски нарушувања во голем број земји. Не постојат одобрени вакцини во Европа, така што појавата на вирусот може да доведе до колеж на голем број свињи во погодените области и зони.
Кого таргетира кампањата?
Кампањата е наменета за групи луѓе и поединци, кои доаѓаат во контакт со домашни свињи и диви свињи, особено фармери кои одгледуваат свињи, ловци и ветеринари. Со помош на локални фармерски групи, ветеринарни организации, ловечки здруженија и други релевантни тела, кампањата има за цел да ја подигне свеста за тоа како да се спречи ширењето на АЧС.
Дознајте повеќе
Посетете ја веб страницата за кампањата за АЧС на ЕФСА за повеќе информации, како и за информативни факти, инфографици, објави на социјалните мрежи подготвени за употреба и други материјали.