Компанијата Western Digital објави дека почнува да испорачува нова линија на хард дискови (HDD), чиј капацитет оди до неверојатни 22 терабајти (TB).
Новите хард-дискови доаѓаат во три варијанти, за да ги задоволат различните потреби на масовниот пазар. Тоа се моделите WD Red Pro, WD Purple Pro и WD Gold.
WD Red Pro е дизајниран за NAS употреба и може да поддржи до 24-bay NAS системи. Ја вклучува NASware 3.0 технологијата и има сензор за заштита од удари и контроли за враќање на грешки.
WD Purple Pro е наменет за апликации за надзор и може да поддржува до 64 HD камери со еден пренос ,или до 32 истовремени преноси со вештачка интелигенција. Работата на дискот е оценета до 550 TB годишно и има брзина од 7200 RPM.
Breaking barriers with 22TB and our OptiNAND Technology. Learn more https://t.co/7QxTKb2fTF. pic.twitter.com/dY6rpR5Tod
— WD® (@WDCreators) July 19, 2022
Конечно, WD Gold е наменет за деловниот пазар, а првенствено е наменет за корисници од ИТ канали и центри за податоци. Компатибилен е со Windows, Windows Server и Linux системите и има кеш од 512MP и брзина до 7200 RPM.
Сите три хард дискови имаат цена од 600 долари и наскоро ќе се најдат во продажба.