Очилата со поддршка за проширена реалност првично ќе се користат за опции како превод во живо, навигација и слично.
Пред десетина години, Google го претстави прототипот на своите први паметни очила. Компанијата веруваше дека се работи за нова категорија уреди по смартфоните и таблет уредите, која ќе привлече милиони луѓе, но наместо тоа, очилата наидоа на многу критики во јавноста, најмногу поради можноста за фотографирање и видео, што многумина го сметаа за грубо кршење на приватноста, па Google на крајот се откажа од тој проект.
На I/O конференцијата во мај, Google претстави прототип на новата генерација паметни очила, а оваа недела компанијата објави дека е подготвени да ги тестира „во реални услови“. Тестовите ќе започнат во текот на следниот месец и треба да покажат како очилата можат да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, односно во различни ситуации со кои се соочуваат секој ден. Очилата се првенствено наменети за превод во живо и навигација.
Wow – the form factor is nearly perfect. The no photos or video limitation limits usefulness, but I 💯 get why after the original Google Glass fallout. https://t.co/jFXcG3d1Os#ar #AugmentedReality
— Jeff Lewis (@consultutah) July 20, 2022
Џастин Пејн, менаџерот на Google за проширена и виртуелна реалност, нагласи како тестовите ќе им помогнат да ги подобрат искуствата како AR навигацијата. Тој посочува дека факторите како временските услови и сообраќајните раскрсници многу тешко се тестираат во затворени простори, па затоа очилата и технологијата треба да се тестираат во реални услови.
На почетокот очилата ќе ги тестираат мал број луѓе – вработени во Google и луѓе на кои Google им верува, а ќе бидат опремени со камери, микрофони и екран во самите очила. Меѓутоа, при тестирањето, користењето на овие опции ќе биде ограничено, па нема да може да се креираат фотографии и видеа со очилата.