Истражувачкиот тим потроши две години собирајќи примероци од вода во Атлантикот и дојде до заклучок дека океанот е „прилично мртов“.
Научниците од Global Ocean Environmental Survey предупредуваат дека остануваат само уште неколку години пред последиците да станат катастрофално јасни. Кога ќе исчезнат рибите, китовите и делфините, тоа ќе има сериозни последици за планетата.
Во извештајот, кој сè уште не е рецензиран и затоа мора да се смета за прелиминарен, истражувачите наведуваат: „Се развива еколошка катастрофа. Ние веруваме дека човештвото би можело да се прилагоди на глобалното затоплување и екстремните временски промени. Сепак, нашето мислење е дека човештвото нема да го преживее исчезнувањето на повеќето морски растенија и животни“.
„Со оглед на тоа дека планктонот е систем за одржување на животот на планетата и човештвото не може да преживее без него, резултатот е вознемирувачки“, вели морскиот биолог и поранешен советник на шкотската влада Хауард Драјден. „Ќе го снема за околу 25 години. Нашите резултати потврдија 90 отсто намалување на примарната продуктивност во Атлантикот. Всушност, Атлантскиот океан е речиси мртов уште сега“.
Планктоните се преполовиле од 1940 година.
Претходно се сметаше дека количината на планктони е преполовена од 1940-тите, но доказите собрани од тимот покажуваат дека 90 проценти сега исчезнале.
Планктонот, кој влијае на сè, од производството на кислород, апсорпцијата на јаглеродот, формирањето облаци, а со тоа и климата на планетата, има потреба од здрави океани за да напредува. Сепак, загадувањето, ловокрадството и риболовниот притисок направија таков хаос на морскиот екосистем што овие микроскопски основи на животот сега исчезнуваат во она што може да биде последната капка за нашите мориња.