Според информациите кои ги пренесува GSMArena, компанијата Samsung се откaжала од претставување на новиот Galaxy S22 FE телефон, кој би требало да има ист чиспет како и нивниот флегшип уред за оваа година Galaxy S22 Ultra.
Ништо од S22 F
Според најновите детали, Samsung одлучи да го прекине производството на најновиот уред од својата популарна серија телефони FE, Galaxy S22 FE. Од друга страна, добрата вест е што целата линија на овие уреди не е официјално прекината, туку дека следната година, доколку се продолжи според планираното, би можеле да го очекуваме Samsung Galaxy S23 FE.
Како што претходно се претпоставуваше, Galaxy S22 FE требаше да го има истиот чипсет како Galaxy S22 Ultra со малку полоши перформанси на камерите и другите компоненти на овој телефон. Беше планирано производство на околу 3 милиони S22 FE уреди, но тоа се откажаа поради неколку причини.
Причини
Од една страна, главната и основна причина е недостигот на чипови кој се уште трае, па компанијата Samsung едноставно не е во состојба да обезбеди доволно процесори за да ја стартува новата верзија на телефонот од серијата FE.
Од друга страна, тука е и продажбата на Samsung Galaxy S22 Ultra, на кој му оди многу добро. Поради тоа, компанијата најверојатно не гледа поента да го користи овој чипсет во Galaxy S22 FE, кој би се продавал по пониска цена, кога веќе го користи истиот чипсет во поскап телефон, кој многу добро се продава на светскиот пазар.
Во текот на првата половина од оваа година, Samsung ја надмина бројката од десет милиони продадени Galaxy S22 Ultra телефони, а планот за следната година е да продаде 30% повеќе од овие уреди. Сосема е јасно дека компанијата проценила дека е многу поисплатливо да се продолжи со производството на овој телефон до моментот на претставување на новиот „флагшип“ модел.
Се надеваме дека слична судбина нема да го снајде S23 FE следната година.

