Ново ALLWEB X искуство на дигиталната сцена
Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во очекувањата на корисниците. Колку и како бизнисите одговараат на потребите на клиентите? Како новите бизнис модели им помагаат на компаниите да растат? Како влијаат промените во заштита на приватноста во маркетинг стратегиите и тактиките? Кои се новите (дигитални) сфери на кои мора да имаме фокус? Ова се дел од прашањата на кои ќе понудат одговори, искуства и размислувања експертите во полето на дигиталниот маркетинг и бизнис трансфорамација, на најновото, надградено издание на единствената дигитална конференција кај нас, AllWeb.
На 29 и 30 септември, десет години по организирањето на првата конференција, во потполно ново руво и на нова локација, Ресорт Маврово, дигиталните мештани, номади и сите останати вљубеници и почитувачи ќе имаат можност да бидат дел од новото пост-пандемско издание на AllWeb.
„Последниве години ни покажаа дека дигиталниот маркетинг, дигитализацијата и бизнис трансформацијата оправдано беа наши водилки во минатото. За компаниите повеќе нема друга иднина освен онаа која наложува комплетна интеграција на најновите технологии, комуникациски канали и менаџмент за ова ново време во кое чекориме храбро и кон метаверзумот“- вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb и додава „охрабрени од позитивните промени, решивме оваа година да понудиме ново искуство. Надградбата на нашата долгогодишна визија подразбира поинтензивно искуство, повеќе време за вмрежување, забава и секако повеќе можност за споделување на знаење“.
Овогодинешната конференција има сменет формат – два дена програма која вклучува четири различни сегменти на официјален и неофицијален дел. Покрај одличните говорници тука е и можноста за уживање во природата, а Ресорт Маврово ќе овозможи и специјална пакет понуда за сместување за учесниците на AllWeb.
За да ги задоволат потребите на својата верна публика, организаторите од денеска во продажба ќе пуштат ограничен број билети по супер ниска цена. Понудата ќе важи до 10 август, а сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно ќе се дополнуваат на allweb.mk, каде што можат да се набават и влезниците за настанот.