Американската Национална воздушно-вселенска администрација – NASA одреди датум за лансирање на своја ракета SLS, коешто ќе го означи почетокот на мисијата Artemis-1 на Месечината. Таа треба да полета на 29 август ова лето.
Тековните планови на NASA вклучуваат испраќање на вселенското летало Orion на врвот на ракетата – кон Месечината. Џиновската ракета ќе биде поставена на лансирната рампа на 18 август, а потоа има три можни датуми за лансирање – 29 август, 2. или 5 септември.
За да се изврши лансирањето на 29 август, односно во првиот можен термин, потребно е сите подготовки да се одвиваат без проблеми, а важен фактор се и поволните временски услови.
Вселенското летало треба да полета на 29 август, а да се врати на Земјата на 10 октомври. Доколку лансирањето се случи на 2 септември, слетувањето е предвидено за 11 октомври, а во случај на 5 септември, враќањето ќе се очекува на 17 октомври.
Мисијата Artemis 2 почнува нова ера на истражување на Вселената. Леталото Orion ќе ја обиколи Месечината, без слетување и ќе се врати на Земјата со спуштање во Тихиот Океан.
Мисијата Artemis 2 ќе го изврши истиот маневар, но овој пат ќе има и астронаути во вселенското летало. Што се однесува до Artemis 3 – таа ќе биде изведена со помош на Starship ракета на SpaceX и предвидено е слетување на луѓе на Месечината, официјално – првпат по 1972 година. Овие две мисии се планирани за 2025 година.
Ако NASA го пропушти терминот од 5 септември, ракетата SLS може да биде лансирана во октомври.