Во следните две години, две компании најавија освојување на Марс. Ваквиот план можеби делува преамбициозно, но зад овој проект стојат поранешни колеги на Елон Маск.
Планот е да се транспортира ракета до Марс со специјалниот ровер Марс (Mars Cruise Vehicle), развиен од Impulse Space, компанија основана пред помалку од една година од група инженери. Тимот е предводен од Том Милер, првиот експерт кој пред 10 години беше вработен во SpaceX. Токму неговите мотори ги движат ракетите Falcon 9, Falcon Heavy и Dragon леталата.
Прво се разговарало за мисија на Марс откако еден од челниците на Relativity Space , Зак Ден го контактирал Том Милер. Станува збор за стари колеги кои соработувал во SpaceX, а токму Милер го вработил Ден во одделението за развој на Falcon.
Relativity Space нема лансирано ниту една ракета, а Impulse Space ја нема тестирано својата технологија во вселената, но без оглед на тоа двете компании најавија освојување на Марс во следните две години.
Relativity Space планира да го подготви Terran R за лансирање во 2024 година, во склоп на првата комерцијална мисија на Марс, пишува ArsTechnica. Планот е ракетата да биде транспортирана до Марс со специјален ровер развиен од Impulse Space.
Воизлото во текот на влегувањето во атмосферата ќе биде заштитено со помош на технологија на НАСА, изработена за Mars Phoenix програмата.
Двете компании планираат да испорачат десетици килограми научна опрема на површината на Црвената планета и да организираат бројни истражувања.
Two companies join SpaceX in the race to Mars, with a launch possible in 2024. Relativity Space has not launched a single rocket, and Impulse Space has never tested one of its thrusters in space. Nevertheless, on Tuesday, the two California-based companies (part 2⤵️⤵️) pic.twitter.com/nQPbOBbpN5
— ShibaX (@ShibaX_to_Mars) July 19, 2022