Швајцарски научници тврдат дека откриле начин летовите со авион да станат поеколошки и да го намалат својот карбонски отпечаток.
Во студија објавена вo магазинот Nature опишано е дека изградиле соларна кула која е клучна за процесот на производство на еколошко гориво. Појаснуваат и дека кулата ја користи сончевата светлина за производство на синтетичка алтернатива на гориво, кое може да се користи наместо фосилно гориво.
Варијантата на керозин која ја произведува оваа соларна кула би можела да се користи без проблем во воздухопловството, не бара посебни услови за складирање, како ни прилагодување на постојните закони.
„Со нашата соларна технологија покажавме дека можеме да произведеме синтетички керозин од вода и CO2, наместо од фосилни горива“ се вели во објавата, која ја напиша еден од коавторите на студијата, професорот Алдо Стајнфилд од универзитетот ETH во Цирих. Количината на CO2 која се испушта при согорувањето на керозин е истата која се користи при производството на еколошкото гориво во соларните кули. Тоа значи дека горивото е карбонски неутрално, особено ако се користи CO2 кој се заловува директно од воздухот.
Засега оваа соларна кула производува околу 1 дл синтетички керозин дневно. Но, треба да имаме на ум дека е изградена за да се докаже концептот и да се направи студија. За производство на количините кои се потребни дневно во целиот свет би било потребно да се израдат многу повеќе соларни кули.