Духовниот наследник на легендарниот Concorde ќе биде суперсоничниот авион на компанијата Boom Supersonic.
Станува збор за авионот наречен Overture, кој е претставен со рендери и кој претставува вовед во ерата на одржливи суперсонични летови. Авионот веќе е нарачан од United Airlines и Japan Airlines, иако сè уште е во фаза на развој.
Boom вели дека авионот Overture ќе лета двојно побрзо од денешните авиони и дека од Њујорк до Лондон ќе пристигне за само 3,5 часа.
Компанијата ја објави веста за авионот за време на меѓународното авиошоу во Фарнборо на 19 јули, кога беше потврдено дека ќе може да превезува меѓу 65 и 80 патници и ќе достигне брзина од 1,7 Mach за време на летот над океанот, односно околу 8.575 км/час. Ќе користи 100 проценти одржливо воздухопловно гориво (SAF), а производството се очекува да започне во 2024 година.
Авионот ќе превезува помал број патници, а капацитетот е жртвуван за да биде што е можно потивок и поефикасен. Исто како суперсоничниот авион на НАСА Х-59, Overture на Boom ќе произведе потивок суперсоничен бум од Concorde. Ова му гарантира помалку ограничувања за време на летот над населени области, но сепак ќе мора да лета со брзина помала од 1 Mach над копно.
Boom велат дека авионот ќе користи мотори без зуење и горење, како прв автоматски систем за намалување на бучавата. Ова значи дека не треба да биде погласен од конвенционалните авиони за време на полетувањето.
Компанијата го реконфигурираше трупот и крилата и додаде повеќе мотори. Overture ќе биде придвижуван од четири помали мотори на крилата, што ќе му помогне да биде потивок и помали оперативни трошоци. Дијаметарот на крилата ќе биде 32,2 метри, а вкупната должина 61,26 метри.
Сепак, Boom има уште многу работа за да ја исполни својата цел. Дизајнот на новата верзија на авионот се заснова на обемни симулирани софтверски дизајни, пет тестови во воздушен тунел, како и внимателна евалуација на 51 итерации на дизајнот.
Извршниот директор Блејк Шол рече дека компанијата сè уште работи на моторот на авионот. Трупот на авионот е поширок во близина на предниот дел, што ќе го намали отпорот и потрошувачката на гориво. Новиот дизајн на крилата ќе ја подобри безбедноста при мали брзини и ќе го намали оптоварувањето на моторот.
Минатата година, United Airlines објави дека инвестира 3 милијарди долари во нарачката на авиони Overture. Boom Supersonic очекува да започне со пробни летови во Калифорнија до 2026 година и се надева дека ќе биде оперативен до 2029 година.