Спротивно од очекувањата, Xiaomi веќе оваа година ќе го претстави својот прв автомобил.
Иако станува збор за прототип, наводно целосно функционира, што е изненадување со оглед на тоа дека компанијата пред нешто повеќе од половина година ги открила своите планови во автомобилскиот свет.
Премиерата е закажана за септември оваа година, пренесува „Sina Tech“.
Според досегашните информации, зад дизајнот на првиот Xiaomi на четири тркала стои Shanghai HVST Automobile Design, кој зад себе веќе има многу успешни дизајнерски решенија. Се претпоставува дека автомобилот би можел да наликува на нивниот концепт WM Maven.
Програмата за развој на автомобили започнала во март минатата година, а било откриено дека иницијално во проектот биле вложени 1,5 милијарди долари, но и дека во наредните 10 години ќе вложат уште 10 милијарди долари. Фабриката со помош на партнерот ќе биде отворена во Пекинг, а еднаш веќе довршена ќе има годишен капацитет од 300.000 автомобили.
Почеток на производството се очекува во 2024-та година. Xiaomi планира да лансира четири модели.