Apple во септември би можел покрај класичната верзија на својот часовник да претстави и сосема нова верзија која ќе има дополнителни функции, но и повисока цена.
Остануваат уште помалку од два месеци до настанот на која Apple треба да ги претстави новите производи како што се новите генерации на паметни телефони и часовници, а се надеваме и некои други уреди. Веќе знаеме многу за телефоните, а минатата недела новинарот на Блумберг, Марк Гурман објави неколку информации за новата генерација на Apple Watch.
Според овие информации, на постоечките модели – Apple Watch и Watch SE моделот, компанијата од Купертино би можела да додаде уште една верзија – Apple Watch Pro.
Оваа премиум верзија би требало да има некои дополнителни опции, но секако и повисока цена, а некои претходни гласини говореа за сума од дури 1000 долари.
Apple Watch Pro треба да ги донесе првите големи промени во дизајнот во последните години – не треба да се очекуваат револуционерни промени, туку „еволуција на сегашната заоблена форма“. Часовникот би требало да биде малку поголем, со седум отсто поголем екран во споредба со Apple Watch 7. Гурман ја споменува и „поиздржливата формулација“ на титаниум, за да може часовникот да ги издржи сите предизвици на екстремните спортови.
Она што веројатно ќе им биде најважно на многумина е тоа што Pro моделит ќе има поголема батерија, а се споменува и low power mode, опција која треба да овозможи часовникот да се користи неколку дена пред да се поврзе со полначот.
Друга опција што ја очекуваат корисниците, а која може да биде достапна и на обичната верзија на часовникот е сензорот за мерење на телесна температура.
Што ќе донесе новата генерација на Apple Watch 8, вклучувајќи го и сосема новиот Pro модел, треба да дознаеме во септември, а дотогаш можеме да очекуваме нови гласини и информации за претстојните часовниците.