Рудари во Ангола ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот пронајден во последните 300 години.
Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола рече дека розовиот дијамант од 170 карати го добил името Луло Роуз (Lulo Rose). Дијамантот е пронајден во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени.
Историското откритие на дијамантот од типот IIa, еден од најретките и најчистите форми на природни камења, го поздрави Владата на Ангола, која е и партнер во рудникот.
„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Диамантину Азеведу.
Дијамантот ќе се продава на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.