Истражувањето спроведено на повеќе од 39.000 испитаниви кои играат компјутерски игри покажа дека речиси и да нема докази оти времето поминато пред компјутер влијае на чувството на среќа и задоволство.
Некој би морал да игра по 10 часа дневно повеќе од инаку за да забележи каква и да е разлика, со тоа дека веројатно на расположението повеќе влијае самаиот факт на продолжено седење пред компутер, наведуваат научниците.
Овие резултати се спротивни на студијата од 2020 година, пишува Би-Би-Си, која покажа дека оние кои играле подолго биле посреќни.
„Ако испитаниците играа затоа што сакаа, вообичаено се чувствуваа подобро“
„Здравиот разум вели дека веројатно сте посреќен ако имате повеќе слободно време за играње видеоигри“, вели психологот Ендру Прибилски од Институтот за интернет Оксфорд, кој работеше на двете истражувања.
„Спротивно на она што можеби го мислиме за тоа дали игрите се добри или лоши за нас, најновата студија пружа прилично уверливи докази дека времето кое го поминувате играјќи игрички не влијае на вашето чувство на задоволство“, вели Прибилски.
„Ако испитаниците играа затоа што сакаа, а не затоа што беа присилени, обично се чувствуваа подобро“, додаде.
Научниците анализирале податоци за период од шест недели кои им ги доставиле технолошките компании, меѓу кои Sony, Microsoft и Nintendo, со согласност на оние кои играле: Animal Crossing: New Horizons, Apex Legends, Eve Online, Forza Horizon 4, Gran Turismo Sport и The Crew 2.
Ментално здравје
Во Кина децата смеат да играат видеоигри само еден час дневно во петок, сабота и недела. Но, многу играчи ширум светот велат дека овој вид забала им помага за нивното ментално здравке.
Мајк Дејли, кој ја креираше Lemmings и Grand Theft Auto, рече дека работите не се толку едноставни.
„Не сум сигурен дека тоа може да се мери со чувство на задоволство, Како и со се во животот, тоа е прашање на рамнотежа. Не е добро да се поминат 24 часа дневно играјќи игра, но не е добро ни да се јаде 24 часа дневно, ниту пак да се вежба“, вели Дејли.
Истражувањето се нарекува Time spent playing video games is unlikely to impact well-being, а објавено е во магазинот Royal Society Open Science.