iPhone 14 серијата би требало да биде претставена за помалку од два месеци, а како што се приближуваме до официјалното објавување, се појавуваат се повеќе и повеќе информации за новите смартфони.
Новиот извештај на Digitimes открива дека компанијата од Купертино планира да ја надгради целата своја iPhone 14 линија на 6GB RAM. Ова значи дека стандардните модели ќе имаат иста количина на меморија како и Pro моделите.
Од друга страна, Pro моделите треба да добијат зголемување на брзината на меморијата, бидејќи Apple ќе се префрли од LPDDR4X на LPDDR5 меморија. Стандардниот iPhone 14 и новиот iPhone 14 Max ќе имаат LPDDR4X, додека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе добијат надградба на LPDDR5.
Apple ќе ја претстави новата iPhone 14 линија во септември, но компанијата засега нема објавено официјална информација и се што дознавме досега се протечени и непотврдени вести од неофицијални канали.