Услугата еSIM е наменета за сите пост пејд корисници на тарифните модели од портфолиото на А1 Македонија
А1 Македонија го збогатува портфолиото на услуги и најавува воведување на еSIM дигитална картичка со која корисниците добиваат софистицирано дигитално решение со кое можат да ја заменат својата досегашна пластична СИМ картичка со еколошки прифатлива еSIM, а притоа да ги уживаат истите придобивки.
eSIM претставува еден вид софтвер, интегриран во мобилниот уред со што корисниците немаат потреба да употребуваат физичка SIM картичка. Отсега на својот телефон корисниците можат да ја активираат новата eSIM и да ги задржат сите досегашни функционалности кои што ги користат.
Услугата еSIM е наменета за сите пост пејд корисници на тарифните модели од портфолиото на А1 Македонија и со нејзиното активирање добиваат можност за многу поедноставно и побезбедно менаџирање на повеќе различни тарифни модели на ист уред при што максималниот број на профили зависи од поддршката што ја обезбедува самиот уред.
eSIM се активира со скенирање на QR-кодот што корисниците може да го подигнат во продажните салони на А1 Македонија.
Во овој момент, еSIM може да биде активирана на одредени модели телефони чија листа може да се најде на официјалната страница на а1.мк