Google Pixel 6A неодамна стана достапен за купување, а корисниците веќе укажуваат на голем безбедносен пропуст што може да им пречи на многумина
Google оваа пролет го претстави Pixel 6A, најприфатливиот уред во Pixel 6 линијата смартфони, кој се чини дека доаѓа со голем безбедносен пропуст.
Всушност, социјалните мрежи се полни со коментари од корисници кои тврдат дека Pixel 6A може да се отклучи со нерегистриран отпечаток од прст. Овој безбедносен проблем го посочија и бројни рецензенти на YouTube, како што се каналите Beebom и Geekxyranjit, кои веднаш кренаа прашина во странските технолошки медиуми.
Иако Google најверојатно наскоро ќе го реши овој проблем преку софтверски апдејт, тоа е безбедносен пропуст кој не би требало да се случи. До официјалното поправање, на корисниците им се советува да користат лозинка наместо отклучување со отпечаток од прст.
За потсетување, Google Pixel 6A, кој чини 449 долари, доаѓа со 6,1-инчен OLED екран од 60 Hz, карактеристичен дизајн на камерата, Tensor чипсет на компанијата и безбедносен чип Titan M2.