Руски суд ги казни апликациите за социјалните мрежи WhatsApp и Snapchat поради наводниот неуспех да складираат локално користени податоци на руска територија. Судот денеска соопшти дека како резултат на пресудата, го казнува WhatsApp, во сопственост на Meta Platforms Inc, со 18 милиони рубљи или околу 300.000 долари и Snapchat со милион рубли. Овие компании веднаш не ја коментираа одлуката, но во последниве месеци руските судови ги казнија Гугл, Фејсбук, Твитер, Телеграм и ТикТок поради проблемот со личните податоци, како и поради одбивањето да се избришат содржините за кои се смета дека се забранети од руските закони.
Претседателот Владимир Путин ги обвини овие платформите и другите технолошки компании со седиште во странство дека ги прекршуваат законите за Интернет во земјата, вклучително и притисок за принудување на странски фирми да отворат канцеларии во Русија. Многу критичари велат дека притисокот нема никаква врска со „интернет интегритетот“ и наместо тоа ги обвинуваат властите дека се обидуваат да го задушат несогласувањето со руската власт.