Microsoft Edge сега е уште пооптимизиран и има подобри перформанси во Windows. Ова е постигнато со автоматско компресирање на кешот на дискот од верзијата 102 на веб-прелистувачот
Microsoft во својот технички блог пост најавува подобрување на перформансите на својот веб-прелистувач Microsoft Edge, што ќе го постигне со автоматско компресирање на кешот на дискот.
„Нашата цел во тимот на Microsoft Edge е да го испорачаме прелистувачот со најдобри можни перформанси на Windows и други платформи. Кога прелистувачот користи премногу ресурси, тоа не само што влијае на искуството на прелистување, туку може и да го забави целиот систем. Меѓутоа, кога станува збор за оптимизирање на перформансите, често пати мораме да ја балансираме оптимизацијата низ целиот систем, бидејќи оптимизацијата за еден ресурс често може да има ефект на зголемување на употребата на друг ресурс.”
Еден таков пример е употребата на кеширање на диск од веб-прелистувачи за складирање на ресурсите преземени од веб за да може да се пристапи побрзо подоцна кога е потребно. Колку е поголема големината на кешот, толку е поголема веројатноста бараниот ресурс да биде преземен од дискот, што е често побрзо од преземањето на истиот ресурс од мрежата. Сепак, колку и да има простор на дискот, тој не е неограничен и треба да се внимава да не се наполни целосно. За да се спречи кешот на прелистувачот да го зафаќа целиот достапен простор на дискот, прелистувачите веќе оптимално го користат кешот на дискот врз основа на достапниот простор.
Функциите како оваа би можеле да бидат само една од причините зошто Microsoft Edge расте во популарноста. Неодамна го надмина Mozilla Firefox како втор најпопуларен веб-прелистувач. Google Chrome сепак е на врвот со удел од 69 проценти, пренесува Digital Trends.