Популарната апликација Google Maps воведе новитети, а меѓу нив се истакнува 3D приказот на познатите знаменитости
Google 3D “immersive view” се уште не е подгогтвен во целост, но веќе сега може да се види што ќе нуди во иднина. Google ја лансираше надградбата за апликацијата Google Maps наменета за уредите со Androidom и iOS, која донесува поглед од воздух на речиси 100 знаменитости, вклучувајќи ги Алкатраз во Сан Франциско, Биг Бен во Лондон и Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк.
Оваа нова функција ја комбинира AI технологијата со милијарди фотографии, вклучувајќи сателитски и Street View фотографии за да се креираат реални 3D прикази. Google го претстави ова како алатка за преглед наменета за туристите, но исто така е корисна за оние кои се љубопитни и сакаат да ги видат знаменитостите.
Воздушниот приказ е достапен за сите корисници ширум светот, а се што треба да направите е да пронајдете ориентир на Google Maps и потоа да го посетите делот фотографии.
Но, тоа не е сè, бидејќи Google ја подобрува навигацијата за велосипедистите со прикажување подетални информации за маршрутите, вклучувајќи густ автомобилски сообраќај, скали, стрмни ридови и типови патишта. Исто така, ќе биде полесно да се споредат правците. Подобрувањата на навигацијата за велосипедистите ќе бидат достапни за стотици градови во наредните недели.
Покрај тоа, пристигнаа и нови известувања за споделување локација за корисникот да знае кога некој пријател пристигнува или заминува од одредено место. Известувањата се овозможени само за корисниците кои се согласуваат да ја споделат нивната локација.