Една од најголемите поплаки на луѓето денес кога станува збор за здравствената заштита е времето на чекање. Со доаѓањето и имплементацијата на директните и автоматизирани системи за резервации и закажување термини, во последниве години на светско ниво се олесни дел од овој “товар“, но доцнењата поврзани со испораката на самата нега опстојуваат. Понекогаш, пациентите не знаат дека имаат опција за да ги добијат услугите што им се потребни кај друг специјалист, во пократок временски период, наместо да чекаат подолг временски период за избраниот. Вака, расположливите ресурси се трошат додека листите на чекање продолжуваат да растат. Сето ова е природен нуспроизвод на сложениот здравствен сектор со многу даватели и можности за грижа. Иако подобрувањето на процесот не може разумно да го продолжи денот на лекарот, може да се погрижи часовите во денот да не се трошат залудно, преку подобро поврзување на силосите со информации.
Поттикнати од серијата предизвици во здравствените системи на глобално ниво, македонската компанија Сорсикс ја креира здравствената платформа “Pinga“. Со “Pinga“, се овозможува давање приоритет на времето – и на пациентот и на лекарот. Во рамки на платформата, јасно е позната достапноста на ресурсите за здравствена заштита низ целата земја каде што се имплементира и им овозможува на лекарите да ги резервираат термините за лекување на своите пациенти директно преку Интернет, со што се проширува искористувањето на ресурсите. “Pinga“ е применета од различни приватни здравствени фирми низ Австралија, Нов Зеланд, САД, Европа и Индија. Овој систем исто така е имплементиран за одржување и организирање на повеќе системи за електронска здравствена евиденција на национално ниво (eHRS) и системи за управување со амбулантски пациенти. Во земјите каде што е интегрирана “Pinga“, списоците на чекање за термин се намалиле уште во првите 6 месеци од имплементацијата. Платформата “Pinga“ несомнено е револуционерна кога станува збор за обезбедување и координација на здравствената грижа.
Како работи „Pinga“?
Платформата “Pinga“ е креирана на “cloud“, што ја прави лесна за користење и имплементација без потребна инсталација или постојана поддршка. Употребата на платформата е едноставна и до неа се пристапува преку достапен интерфејс за најава преку кој било интернет прелистувач. Платформата е интегрирана во единствен систем и обезбедува “end-to-end“ подобрувања на здравствените процеси во сегменти како што се управување со списоци, администрација на пациенти, управување со клиники, управување со ординации и стажанти, дигитално упатување во реално време, е-рецепт, интеграција на наплата и закажување на клиничка установа. “Pinga“ може да послужи и како здравствен информативен столб на целата земја, давајќи статистички приказ за различни здравствени аспекти на популацијата, како и да даде целосна слика за историјата на болести на пациентот, како и неговото семејство.
Здравствените работници во земјите каде што е имплементирана оваа платформа пријавуваат дека се забележани севкупни подобрувања што резултираат со зголемен капацитет на прием на пациентите и намалено време на чекање. Многу фактори придонесуваат за овие подобрувања, вклучувајќи инстант директна резервација со видливост во реално време на понудата до побарувачката. Матичните лекари, консултантите, лекарите и персоналот може да упатуваат и да закажуваат термини директно преку централниот “hub“, притоа овозможувајќи им на пациентите пристап до приоритетните термини за итна нега. Се намалува и времето поминато на лекарот за стекнување евиденција и историја на пациенти со обезбедување на информации, додека општите лекари имаат можност да резервираат дијагностички услуги пред посетите на специјалистот, така што пациентите можат да пристигнат со комплетни документи. “Pinga” помага и во создавање средина за пософистицирано планирање и тријажа на нега. Клиниката со повеќе специјалисти може да сподели интегриран дневник за денот на пациентот и да дејствува како панел за да ги преуреди закажаните термини како што е најсоодветно. Дополнително, пациентот се информира за можност за побрз преглед од алтернативен специјалист од истата специјалност и овозможување нивна услуги.
Додека намаленото време на чекање и зголемената ефикасност може да изгледаат како парадокс, “Pinga“ едноставно помага во усогласување на давателите на здравствената заштита со достапноста на услугата на пациентите на кои им е потребна. Иако ниту еден од овие фактори не нуди моментално решение за сложеноста на здравствената индустрија, тие создаваат кумулативна придобивка која ги подобрува условите за заедниците кои го имплементирале системот.
Оваа платформа е имплементирана и во Нов Зеланд, за потребите на една од главните примарни здравствени организации – “Tū Ora“, како нејзина основна деловна апликација за водење на здравствениот фонд во областа на клинички CRM; побарувања и плаќања; управување со обврските за континуиран професионален развој за општи лекари/медицински сестри во регионот; обработка на податоците за сите клиники и пациенти.
„Pinga“ во Нов Зеланд
До 2018 година, системите на “Тū Оrа“ содржеле повеќе од 160 бази на податоци хостирани на околу 80 виртуелни и физички сервери, користејќи 60 нарачани развиени домашни апликации. Опремата и софтверот кој ги користеле биле стари, со ограничено управување, а воедно зависеле од голем број даватели на услуги, што било неефикасно со голем ризик за безбедноста на податоците. За управувањето со плаќањата за клиничките услуги биле потребни хартиени обрасци, многу време, луѓе и ресурси. Сите ординации поврзани со “Tū Ora“ користеле свои ИТ системи, носејќи уште серија дополнителни ризици по безбедноста. Во 2019, организацијата се соочува со хакерски напад, кој за среќа не резултира со јавно објавување на податоци, но истовремено е и аларм за потребните промени. Увидувајќи ја неопходноста од безбедно, модерно технолошко решение кое ќе ги штити податоците на пациентите и истовремено ќе придонесе за подобри здравствени услуги, “Tū Ora“ се одлучуваат за имплементација на платформата “Pinga“.
За трансформација и имплементација на платформата “Pinga“, биле искористени “Microsoft 365“, “Microsoft Azure“, “Sharepoint“ и “Microsoft Teams“, како и алатката “Power BI“ и алатки за подобрена безбедност. Со миграцијата во “cloud” со “Microsoft Azure“ , персоналот на “Tū Ora“ добива овластување да работи од далечина, со целосен пристап до целиот пакет на платформата. Со “Pinga“, “Tū Ora“ испорачуваат нови можности за апликации во тандем со основните карактеристики кои им се потребни на примарните здравствени организации за управувањето со ординациите, побарувањата и плаќањата, како и овозможувањето тековни обуки и ангажман на лекарите од примарната здравствена заштита. За оваа цел, сите датотеки биле преместени во “SharePoint” како единствена централна точка за пристап, додека пристап до приватните записи е овозможен само на ограничени, релевантни луѓе и тоа по потреба, што додава еластичност на системот. Од безбедносен аспект, се имплементира “cloud“технологијата на “Microsoft“, заедно со “Microsoft Defender Endpoint Security“.
Дигиталната трансформација на “Tū Ora“ драстично ја намалила нејзината изложеност на ризик, намалувајќи ги нивните бази на податоци од 160 на само 30, сите хостирани на “Microsoft Azure“, заедно со само 5 виртуелни машини. Современиот здравствен “cloud“ софтвер “Pinga“ во комбинација со “Microsoft cloud“ овозможило “Tū Ora“ да го врати управувањето со своите ИТ ресурси, само со мал тим што иновира нови услуги наместо мноштво различни ИТ провајдери. Автоматизацијата е уште еден огромен бонус за “Tū Ora“ од примената на “Pinga“. Користењето на платформата за автоматизирање на рачните процеси значи дека нема повеќе хартиени обрасци за вчитување, намалувајќи ги грешките, а истовремено подобрувајќи ја заштитата на податоците и овозможувајќи им на вработените да работат од каде било. “Power BI“ им овозможува на лекарите и тимот на “Tū Ora“ да ги анализираат и визуелизираат податоците во алатка богата со функции за да донесат подобри одлуки за подобрување на клиничката нега. Бенефитот од употребата на оваа платформа од страна на “Tū Ora“ е доста нагласен во периодот на појавата на Ковид-19 и неговото влијание врз управувањето со здравствените капацитети. Преку “Pinga“, во рок од една седмица, матичните лекари преминале од 95% реализирани термини со физички контакт, кон 70% до 80% телефонски или видео консултации, правејќи ги услугите подостапни до поголем број население.
Она што ја прави “Pinga“ одлична како платформа е можноста за прилагодување на достапните модули согласно барањето на различните организации и клиники. Не сите здравствени системи се исти, па така оваа платформа може да се конфигурира да одговара на другите модели на здравствени системи. Истовремено, самата платформа континуирано се развива со тековно додавање на системски функции, како што се портали за мобилни телефони, известување во реално време и алатки за планирање. Авторите на платформата, “Сорсикс“ имаат мисија да ја трансформираат здравствената заштита ширум светот, бидејќи новите корисници преминуваат кон интегрирани здравствени системи кои помагаат во управувањето и поедноставувањето на сложеноста на здравствената дистрибутивна мрежа. На овој начин, со помош на технологијата ставена во функција на здравјето, здравствената грижа е поблиску до сите оние на кои им е потребна.