А1 Македонија ја унапредува својата продажна мрежа и уште повеќе се доближува до своите корисници со воведување супер модерно опремени мобилни продажни салони преку кои се достапни сите А1 услуги како и во секој продажен салон.
Двете мобилни продавници ги имаат сите карактеристики на продажен салон и се уредени според најновите светски стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Австрија Групацијата што подразбира интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.
Мобилните продавници на секој корисник му овозможуваат да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.
“Овојпат се доближуваме на корисниците во најоддалечените места во земјата и им посакуваме топло добредојде овозможувајќи им премиум корисничкото искуство најблизу до нивните домови исто како и во сите продажни салони ширум земјата. Со двете мобилни продавници, жителите во оддалечените места добиваат модерно место каде ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби. Ова е уште еден доказ за нашите заложби за постојано подобрување на продажната мрежа согласно потребите на корисниците”, изјави Александар Сарџовски, директор на одделот за продажба А1 Македонија.
Во продолжение листата на локации предвидена за периодот од 1.08.2022г. до 14.08.2022г.
01.08.2022 | Понеделник | Охрид | Парк | 09:00 – 18:00 |
02.08.2022 | Вторник | Охрид | Градиште | 09:00 – 18:00 |
03.08.2022 | Среда | Охрид | Љубаниште | 09:00 – 18:00 |
04.08.2022 | Четврток | Струга | Пливалиште – Барабар | 09:00 – 12:00 |
05.08.2022 | Петок | Струга | Еуротел | 10:00 – 13:00 |
06.08.2022 | Сабота | Охрид | Парк | 09:00 – 18:00 |
07.08.2022 | Недела | Охрид | Градиште | 09:00 – 18:00 |
08.08.2022 | Понеделник | Охрид | Љубаниште | 09:00 – 18:00 |
09.08.2022 | Вторник | Струга | с.Лабуништа | 09:00 – 12:00 |
10.08.2022 | Среда | Струга | с.Октиси | 09:00 – 12:00 |
11.08.2022 | Четврток | Струга | Пливалиште – Барабар | 09:00 – 12:00 |
12.08.2022 | Петок | Охрид | Парк | 09:00 – 18:00 |
13.08.2022 | Сабота | Охрид | Градиште | 09:00 – 18:00 |
14.08.2022 | Недела | Охрид | Љубаниште | 09:00 – 18:00 |