Социјалната мрежа Twitter тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да прикачат повеќе формати на содржина на еден твит. Со помош на новата функција, корисникот може да додаде фотографија, видео и GIF во еден твит.
Оние кои некогаш користеле Twitter знаат дека компанијата во моментов дозволува само еден вид/формат на медиумска содржина да се прикачи на твит. Иако е можно да се прикачат четири фотографии, не можете да додадете повеќе од едно видео или GIF или да ги мешате со фотографии.
#Twitter is working to allow you to attach photos, videos and GIFs to a tweet at the same time 👀 pic.twitter.com/uZazWRX0Yr
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) April 23, 2022
Со опцијата која е во фаза на тестирање се задржува лимитот од четири медиумски содржини, но сега корисникот би имал можност на кој било начин да комбинира фотографии, видеа или GIF во тие четири полиња.
Twitter објави дека ја тестира новата функција на неколку избрани кориснички сметки во ограничен период. Компанијата вели дека со овој тест сака да открие како корисниците комбинираат различни формати на содржина за покреативно да ги изразат своите ставови, надвор од ограничувањето од 280 знаци што го дозволува Twitter.
Како што е вообичаено за тестовите на Twitter, функцијата моментално е достапна на ограничен начин, а сè уште нема информации кога ќе биде овозможена за сите корисници.