Logitech G, одделот за компјутерски компоненти и конзоли на Logitech, се здружи со Tencent Games за да развие рачнa конзолa базиранa на cloud што пристигнува во текот на оваа година.
Двете компании водат разговори со тимовите на Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce Now, што веројатно значи дека овие услуги ќе бидат поддржани и гејмерите ќе можат да ги играат своите најдобри игри во движење.
Засега зборуваме само за cloud гејминг, а не се знае дали самата конзола ќе може да покренува некоја од игрите.
Претходно оваа година беше откриен патент на Tencent кој го откри изгледот на уредот „PC Console“, но тоа можеби нема никаква врска со новиот проект. Logitech G веројатно сака да дизајнира хардвер, додека Tencent е дефинитивно огромна компанија со многу врски.
Сепак, општата форма треба да биде многу слична.