Samsung ги отфрли шпекулациите дека го прекинува производството на сопствените Exynos чипови.
Бројни гласини во текот на изминатите недели сугерираа дека јужнокорејската компанија ќе престане да имплементира Exynos чипови во своите флегшип телефони за 2023/2024 година.
Беше споменато и дека Samsung може целосно да го запре производството на овие чипови. Последните извештаи од Јужна Кореја, повикувајќи се на Samsung, тврдат дека гореспоменатите наводи се лажни.
Објавата на Samsung следуваше во текот на финансискиот извештај за вториот квартал од 2022 година. Компанијата истакна дека не планира да го прекине производството на своите Exynos чипови и работи на проширување на конкурентноста на брендот Exynos.
Компанијата вели дека развива и премиум процесор специјално за Galaxy S серијата. 1000+ Dream Team на Samsung наводно работи на нов флегшип чип, а неговиот развој е една од причините за одложување на објавувањето на новиот Exynos чип.
Планираниот период на објавување на новиот чип за Galaxy S серијата е 2025 година. Се очекува претстојните модели на Galaxy S23 да користат само Snapdragon чипови.