Samsung во изминатите десет месеци претстави два сензори за камера од 200 MP, а третиот е на пат и ќе биде дел од Galaxy S23 Ultra следната година.
Galaxy S23 Ultra ќе се појави на пазарот следната година, а главната камера ќе има нов сензор од 200 MP, кој ќе се вика ISOCELL HP2 иако веќе постои HP3 верзија.
ISOCELL HP1 е првиот сензор од 200 MP, а неговото деби се очекува во смартфонот на Motorola кој ќе се појави овој месец. Што се однесува до сензорот ISOCELL HP3, тој има побрз автофокус благодарение на новиот дизајн на секој пиксел.
Ова не е прв пат да се појави информација за Galaxy S23 Ultra со нов сензор од 200 MP, бидејќи претходниот извештај го најавуваше неговото пристигнување, додека 10x перископ модулот од 10 MP останува ист.