Новата верзија на оперативниот систем за таблет компјутери на Apple би можелa да пристигне дури во октомври, додека iPhone уредите ќе ја добијат надградбата во септември.
Се појавија извештаи според кои iOS 16 и iPadOS 16 нема да бидат лансирани во исто време оваа година.
Новото издание на оперативниот систем за таблет компјутери би можело да пристигне дури во октомври, додека паметните телефони iPhone ќе ја добијат надградбата во септември.
Apple подготвува големи промени кога станува збор за мултитаскинг и алатки за соработка во iPadOS 16, за да ги навикне програмерите и корисниците на новиот интерфејс Stage Manager.
Токму оваа функција е можната причина зошто може да има одложување, бидејќи наводно има уште многу работа околу беспрекорното работење на Stage Manager.

